13.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈА

Каква е состојбата на патиштата? – Забрана за движење на тешки возила на Ѓавато и Буково, за сите возила на патот Кичево-Скопје преку Близанско

АМСМ СЛУЖБА ЗА ПОМОШ И ИНФОРМАЦИИ известува:

ВОВЕДЕНА ЗАБРАНА: Од 17:45 часот, воведена е забрана за сообраќај на тешки моторни возила на планинските премини Ѓавато, Буково, Крак – Маврово-Жировница воведена забрана од 18,40, а забрана за движење на сите видови на возила е воведена и на патниот правец Кичево – Скопје преку Близанско поради одрони.

На патниот правец Тетово – Попова Шапка, забраната важи за тешки товарни возила, камиони и автобуси.

За останатите типови на возила, на овие правци задожителна е употреба на зимската опрема.

СОСТОЈБА: Сообраќајот на останатите државни патишта се одвива без забрани, по влажни коловози.

ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

ВНИМАТЕЛНО: АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Спонзорирано: