Centar.mk
МЕТЕОТЕМАМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Вечерва дожд и снег низ Македонија – Еве што најавуваат синоптичарите за следните 4 дена

Попладнево во западните делови ќе има врнежи од дожд, кои до крајот на денот и во текот на ноќта ќе се прошират насекаде и ќе се интензивираат (на места над 15 л/м2). На планините на северозапад врнежите ќе бидат од снег. Ќе дува умерен до засилен ветер од југоисточен правец.

Утре ќе биде променливо облачно со локални врнежи од дожд, кои на истокот на места краткотрајно ќе бидат поројни и проследени со грмежи.

Под влијание на нов влажен бран во сабота преку целиот ден ќе има пообилни врнежи и на повеќе места ќе наврнат над 25 л/м2 воден талог. Во западните делови на планините и на повисоките места врнежите ќе бидат од снег и ќе се формира позначителна снежна покривка.

Прогноза за 11.12.2021
Минимална температура: 0°C до 6°C
Максимална температура: 3°C до 12°C
Oблачно со врнежи од дожд, на повеќе места пообилни (и над 25 л/м2). Во западните делови на планините и на повисоките места врнежите ќе бидат од снег и ќе се формира позначителна снежна покривка. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.

Прогноза за 12.12.2022
Минимална температура: -1°C до 5°C
Максимална температура: 2°C до 10°C
Променливо облачно, претежно во северните делови ќе провејува снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

Прогноза за 13.12.2021
Минимална температура: -6°C до 3°C
Максимална температура: 0°C до 8°C
Променливо облачно и студено со умерен, повремено засилен ветер од северен правец.

Можеби ќе ве интересира

ПРВО ТЕМПЕРАТУРИ ДО 25°C, А ЗА ВЕЛИГДЕН СИЛЕН ДОЖД И СНЕГ НА ПОВИСОКИТЕ МЕСТА: Синоптичарите излегоа со повеќедневна прогноза

ДЕСК

Маж од Кичево возел иако имал забрана за управување возило и удрил во малолетник, лишен е од слобода, возилото е одземено

ДЕСК

ПОЛИЦИЈАТА “УПАДНА” ВО НОЌНИ КЛУБОВИ ВО ОХРИД И СКОПЈЕ: Полицајците тресеа познати локали – констатирано дека клубови точеле алкохол, а обложувалница примало малолетници

ДЕСК