13.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МОЗАИКЗДРАВЈЕ

Додавањето чиа семе во вода може да ви помогне да изгубите тежина

Нутриционистите имаат нов предлог кој би можел да помогне при слабеење.

Нутриционистите Кери Фераиоли и Бони Тауб-Дикс наведуваат дека треба да додадете семе од чиа во водата и дека таков пијалок може да ви помогне да изгубите тежина.

Водата е неопходна за функционирањето на нашето тело, а може да ни помогне и да изгубиме тежина бидејќи помага да се исфрлат токсините и мастите од телото.

Фераиоли објаснува дека додавањето на семето чиа во водата може да ви помогне да изгубите тежина бидејќи овие семиња имаат доволно здрави масти и дека човекот потоа може да се чувствува сит долго време.

Тауб-Дикс додава дека оваа здрава маст во комбинација со протеините кои природно се наоѓаат во чиа семето може да направи да се чувствувате прилично сити во текот на долг временски период.

Покрај тоа, оваа комбинација нема да доведе до зголемување на нивото на шеќер во крвта.

Додадете две лажички чиа семе во чаша вода и почекајте три до пет минути семките да ја впијат водата и да омекнат.

Оваа комбинација може да изгледа како желе, па можеби не е привлечна за секого. Но, ова е нормално кога чиа семето ќе дојде во контакт со вода.

Спонзорирано:

Можеби ќе ве интересира

Сите ја правиме истата грешка: Доктор објасни во кои ситуации НИКОГАШ не треба да пиете вода

M T

Повеќе од една третина од територијата на Пакистан е под вода

M T

Делови од скопски општини без вода за пиење

M T

Седум симптоми на премногу вода во вашето тело

M T

Без вода дел од општина Аеродром

M T

Не претерувајте, пронајдена е формула која открива колку вода треба да пиете дневно

M T