Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Царовска: Создаваме сеопфатно, квалитетно и инклузивно образование за сите, обезбедувајќи професионален и кариерен развој на наставниците, преку проект од ИПА2

Вложувањето во создавање на квалитетно образование достапно за секое дете е наш врвен приоритет, а дел од овие процеси и напори е и проектот „Подобрување на квалитетот на образованието” кој МОН во партнерство со GOPA ќе го спроведува во следните две години. Ова го истакна министерката за образование и наука Мила Царовска, денеска на воведниот состанок за започнување на проектот.

„Квалитетно и инклузивно образование можеме да создаваме исклучиво со мотивирани и добро обучени наставници. Токму и тоа е основната цел на проектот, да го подобри образованиот систем преку инвестирање во професионалниот и кариерен развој на наставниците со цел да се понуди сеопфатно, квалитетно и инклузивно образование за сите“, рече Царовска.

Проектот во целиот овој процес на осовременување на образовниот систем во Република Северна Македонија се очекува да го зајакне системот за професионален развој на наставниците и стручните соработници во согласност со професионалните компетенции и стандарди во средното, односно гимназиско и стручно образование. Да го поддржи системското зајакнување на развој и спроведување на ИКТ и дигитални вештини и компетенции во образованието, но и нешто што е многу важно, да се зајакне спроведувањето на инклузивното образование во професионалниот развој на наставниците, во согласност со Концептот за инклузивно образование.

Предвидените средства кои се од ИПА 2 програмата за реализација на проктот се во висина од 1,3 милиони евра.

Можеби ќе ве интересира

Бугарски државјанки осомничени за кражба на банкарски картички и паричници во Скопје

ДЕСК

Викендот носи снежен удар и силен ветер температурите паѓаат под нулата – детална прогноза за следните 4 дена

ДЕСК

Млада скопјанка се наполнила со пари на туѓа мака – еве како измамила повеќе луѓе

ДЕСК