8.8 C
Скопје
27. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
+БИЗНИСТОП ВЕСТИ

Ковачевски: Компаниите учествуваат во стабилизацијата, нема да има недостиг на производи

„Не треба да се стравува од можни недостатоци на производите за кои се замрзнати цените. Ние сме во постојан контакт со Стопанската комора, имав разговори со дел од кластерите во комората. Тие се свесни за ситуацијата и подготвени да учествуваат во стабилизирањето на состојбата“ каже заменик-министерот за финансии и кандидат за претседател на СДСМ, Димитар Ковачевски на „24 анализа“ на Телевизија 24.

Тој додаде дека на месечно ниво ќе се следат движењата на цените во земјава, но и во регионот со цел ниту една страна да не биде доведена во ситуација која ќе биде негативна и ќе го загрози нивното функционирање.

„Компаниите се свесни за ситуацијата, но и дека нивните компании се изградени од купувачите кои се граѓани на нашата држава. Добар дел од нив се спремни да покажат големина и да се погрижат да нема недостатоци на производи“ кажа Ковачевски.

Тој додаде дека економската криза е предизвикана делумно од зголемувањето на енергенсите и кажа дека со вклучувањето на сите капацитети за производство на електрична енергија во земјава, калкулациите на Регулаторната комисија ќе бидат пониски.

„Струјата што ние ја произведуваме е со далеку пониска цена од таа на светскиот пазар. На светскиот пазар цените за мегават беа по 40-50 евра, а сега достигнаа цени од над 300 евра“ потенцираше Ковачевски.