Centar.mk
ТЕМАМАКЕДОНИЈАИЗБОРвест

Јовановиќ: Го одбрани ли Груевски македонскиот идентитет или само ги наполни џебовите

Политичката влада и бугарската да се извинат во Скопје и Софија да го решиме спорот, додела има свет и  век ќе говориме македонски јазик и сме Македонци, вели аналитичарот Ненад Јовановиќ во “Само вистина”

-Невозможно е да се наруши националниот идентитет, а за дел од популистичките политичари ќе билдаат рејтинг за патриотизам и името не го даваме, а кога ќе ги прашаш што е македонскиот идентитет не знаат да објаснат. Груевски го одбрани ли националниот идентитет или не ограби? Само се се затскри зад криминалот ги наполни џебовите и побегна, додаде Јовановиќ.

Според Јовановиќ идејата на НАТО е да докаже на западните дојузници дека сме дел од западната цивилизација, не дека само не штити и дека немаме војска. 

-А западната цивилизација работи на развој на правото, демократијата, а не дека ќе бидеме луѓе што го мразат македонизмот. Ако продолжиме со национализмот земјава ќе биде дезинтегрирана и луѓето ќе заминуваат. Ние соседите или не ги гледаме или кога ги гледаме не ги сакаме, додава Јовановиќ.

Според Јовановиќ македонската влада покажа питомост, а Зоран Заев беше со поинаква реторика по однос на прашањето со Бугарија.

-Ние сме подемократска земја, ги признаваме малцинствата, а Бугарите велат дека ние немаме малцинства, а основен постулат дали една земја е де ократска е како се однесува кон малцинствата, додава Јовановиќ.

Можеби ќе ве интересира

Важни информации за возачите кои вечерва се движат со своите возила низ Македонија

ДЕСК

ПОДГОТВЕТЕ СЕ ЗА ОБИЛНИ ВРНЕЖИ ОД ДОЖД, А ЌЕ ТРУПА И СНЕГ: Метеоцентар објави најнова прогноза за времето во следните 4 дена

ДЕСК

Сточарите и земјоделците излегуваат на протест поради колапс на земјоделството

ДЕСК