20.8 C
Скопје
28. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Османи: Европската перспектива на Западен Балкан – најсигурна инвестиција во стабилноста на регионот

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, на 30 ноември и на 1 декември 2021 година учествуваше на редовниот состанок на министрите за надворешни работи на НАТО, кој се одржа во Рига, Република Латвија.

За време на дводневните работни сесии беа разгледани прашања од стратешко значење на алијансата, како што се состојбите во Авганистан, справување со актуелните и идните безбедносни предизвици, како руското воено групирање околу границата со Украина и хибридните предизвици што доаѓаат од Белорусија.

Тема на состанокот беа и состојбата во Западен Балкан и геостратешките интереси на алијансата за стабилен, прогресивен и демократски регион преку реафирмирање на европската и на евро-атлантската перспектива на земјите од регионот.

Министрите за надворешни работи дискутираа и за стратешкиот концепт на НАТО како значаен документ во однос на идната геостратешка улога на алијансата.

На работните сесии министрите усвоија повеќе одлуки и документи. Тие се значајни за идното дејствување и зајакнување на алијансата, но и за подготовка на самитот на шефови на држави и влади на НАТО, кој наредната година ќе се одржи во Мадрид.

Османи, меѓу другото, нагласи дека сме сведоци на влошување на глобалното стратешко опкружување и деградацијата на меѓународниот правен поредок. Ја истакна потребата за заедничко стратешко дејствување и пристап на НАТО и ЕУ кон Западен Балкан како основен предуслов за стабилноста и просперитетот на регионот.

На маргините на состаноците, министерот за надворешни работи, Бујар Османи, оствари повеќе средби – со помошник-државениот секретар на САД, Карен Донфрид; со министрите за надворешни работи на Словенија – Анже Логар; Норвешка – Аникен Ш. Хјитфелт; Франција – Жан-Ив Ле Дријан; Р. Чешка – Јакуб Кулханек.

Спонзорирано:

Можеби ќе ве интересира

Османи во Собрание ги претстави приоритетите на претседавањето со ОБСЕ

M T

Oсмани-Рикер: Ангажманот на САД во Западен Балкан е гаранција за стабилност и напредок

M T

Средба Османи – Касулидес

M T

Оливер Вархељ: Западен Балкан е геостратешки приоритет повеќе од кога било

M T

Османи-Рибеиро: Разменети мислења за состојбата со медиумските слободи во регионот на ОБСЕ

M T

Курти: Косово е најдемократската земја на Западен Балкан

M T