25. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.МАКЕДОНИЈА

Ковачевски: Мојот став е нулта толеранција за корупција

Ние веќе немаме меѓуетнички конфикти, но мора да се насочиме кон унапредување на стандардот и економијата, а секако имаме два предизвика а тоа се пандемијата и енергетската криза која е низ цела Европа и мора да се активираат сите ресурси и експерти за да излеземе од кризата, вели во Утрински Брифинг, Димитар Ковачевски кој е кандидат за наследник на Зоран Заев.

Тој додава дека од секој подинец во партијата треба да се слушне гласот и тоа да биде искористено за да се унапредат процесите, во рамки на државата, а целта е да биде унапредено општеството.

-Стратегиски план е отворање на преговори со ЕУ, јас длабоко верувам во капацитетот на граѓаните, ако во нашата земја се произведуваат делови за сериозни интернационални компании значи дека имаме компетентен кадар кој  исполнува светски стандарди, вели тој..

Ковчевски појасни дека СДСМ е најголема партија во државата со над 80 илјади членови и на изборите секој што ќе се регистрира ќе го даде својот глас, и додаде дека имаат многу експерти на секое поле и треба да се направат тим со нови луѓе кои ќе дадат енергија и идеи.

-Корупцијата е лоша за целото општество, не само од аспект на положба туку и намалување на конкурентноста во економијата и тоа е врвен приорите, од една страна се системските промени во унапредување на законите и правниот систе, н о постојат и независни судски органи, обвинителството и сите мора да ја зголемат ефикасноста во справување на овој проблем. Имам став а тоа е нулта толеранција за корупција и ќе инсистирам ако бидам избран да биде практицирано од сите а корупцијата да биде санкционирана, вели тој.

Ковачевски во мментот е фокусиан на програмата за негова6а кандидатура, и смета дека партиски треба да се застане позади секој оној ќе биде избран во рамки на партијата, а кандидатите се кандидираат согласно критериумите.