22. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ЗДРАВЈЕ

Надуеност – Ослободете се од овој проблем засекогаш!

Еве го решението!

Чувството на надуеност и присуството на гасови навистина може да го „расипе“ денот. Не се чувствувате добро, вашата облека изгледа лошо, а несаканите ефекти можат да бидат многу непријатни. Сепак, постојат начини како да се ублажи или реши овој непријатен проблем кој повремено или постојано се јавува кај дури 70% од општата популација.

Сосема е нормално за време на варењето на храната да се формира одредена количина на гасови, кои се апсорбираат во крвотокот и се елиминираат со процесот на дишење. Проблемот настанува доколку поголема количина на гас се акумулира во дигестивниот систем. Надуеноста е чувство на ситост во горниот дел на стомакот предизвикано од акумулирани гасови и/или храна.

ПРИЧИНИ ЗА ПРОБЛЕМОТ
Главната причина за надуеност е нерамнотежа во составот на нормалната бактериска флора. Ова води до прекумерен раст и размножување на лошите бактерии во нашите црева. Бројни фактори доведуваат до оваа нерамнотежа. Неправилно голтање за време на оброците со внесување на поголеми количества воздух, што особено се случува при конзумирање на газирани пијалоци – сокови, пиво или гуми за џвакање. Исто така, чувството на вознемиреност и стрес што го трпиме секојдневно поради темпото на живот доведува до нерамнотежа во нормалната цревна флора. Внесување на јаглехидрати од одредени намирници кои ензимите на тенкото црево не можат да ги сварат. Недостаток на ензимот лактаза, кој е неопходен за варење на шеќерот од млекото (лактоза). Друга причина за надуеност може да биде запек кој трае долго време. Кај постарите лица, дури и лошо направени и/или фиксирани протези.

КОЈ НАЈЧЕСТО СТРАДА ОД ОВА?
Како што веќе беше истакнато, голтањето воздух, одредена храна, газирани пијалоци, сето тоа може да придонесе за зголемување на количеството на цревни гасови, надуеност и подригнување. Кај пациенти со синдром на нервозно дебело црево (IBS), малку зголемени или дури и нормални количини на гасови во цревата може да предизвикаат сериозни грчеви во стомакот за време на варењето. Пациентите со нарушена анатомија поради операција или оние со ревматски заболувања имаат зголемен ризик од прекумерен раст на патогени бактерии во тенкото црево и појава на надуеност.

Некои жени, често оние кои имале повеќе од една бременост, исто така страдаат од надуеност. Доколку чувството на надуеност не е присутно во лежечка положба, тогаш надуеноста може да се објасни со слаби стомачни мускули поради истегнување и губење на тонусот за време на бременоста.

Пациентите кои страдаат од горушица и други стомачни проблеми често голтаат воздух за да ја ублажат непријатноста. Езофагеален рефлукс или воспаление на гастричната слузница треба да се отфрли со рендген или ендоскопска (преглед на хранопроводот и желудникот со флексибилна цевка, додека пациентот е на седација). Доколку постои сомневање за нетолеранција на лактоза, употребата на млеко и млечни производи во исхраната треба да се прекине и да се набљудува повлекување на симптомите. Проблемот може да настане и поради секретите кои се испуштаат од синусите и други хронични респираторни заболувања.

Тестовите на крвта обично не се корисни при проблеми со гасови, но тестирањето за целијачна болест може да биде корисно, бидејќи неможноста да се вари пченицата, ‘ржта или јачменот исто така може да биде причина за надуеност.

За да бидете сигурни дека храната „одговорна“ за дигестивни проблеми и надуеност е исфрлена од исхраната, храната се исфрла една по една и се следи подобрување. Доколку се работи за зголемен број на лоши бактерии, единствен начин за подобрување на состојбата е дополнување (дополнително внесување) на добри бактерии за да се врати нарушената рамнотежа, а со тоа и да се намали производството на гасови.

РЕШАВАЊЕ НА ПРОБЛЕМИТЕ
За да се отстранат проблемите, на пациентот првенствено му се советува промена на хигиенско-диететскиот режим. Треба да се елиминира потрошувачката на газирани пијалоци и пиво. Треба да се избегнува храна како карфиол, брокула, зелка и грав. И млекото и млечните производи. Повеќето нутриционисти не препорачуваат мешање на овошје со јаглени хидрати и протеини. Практикувајте почесто и помали оброци секој ден. Избегнувајте оброци „од нога“. Избегнувајте гуми за џвакање, особено оние без шеќер – поради содржината на манитол или сорбитол, кои предизвикуваат надуеност. Повеќето ензими содржат сурова, необработена храна. Готвењето на пареа ви овозможува да задржите одреден дел од овие ензими, но најдобро е зеленчукот да го јадете свеж – како салата. Се препорачува да се избегнуваат стресни ситуации, да се јаде полека и храната добро ќе се свари. Повремената надуеност генерално не е проблем. Меѓутоа, доколку и покрај применетите мерки симптомите на варење не се смират, па дури и се придружени со дополнителни проблеми – гадење, повраќање, болка, крв во столицата, запек или дијареа, потребно е да се направат подетални тестови за да се види сигурно дека нема друга прикриена болест.

ЕЛИМИНАЦИЈАТА НА ПРИЧИНАТА ГО РЕШАВА ПРОБЛЕМОТ
Употребата на додатоци во исхраната за решавање на проблемот со надуеност сега е општо прифатена насекаде во светот. Употребата на пробиотски култури се покажа како најефикасна и влезе во најновите професионални препораки и упатства ширум светот. Решете го проблемот со надуеност и гасови на природен и безбеден начин, со само една капсула дневно!

Можеби ќе ве интересира

За мирен стомак: Која храна ја спречува надуеноста

M T

Надуеност и гасови – Што ги предизвикува и како да ги спречите?

M T

Можете да спречите надуеност, еве и како: Тајната е во видот на гравот и начинот на подготовка

M T

СЕ МАЧИТЕ ЛИ ДА ЗАСПИЕТЕ? Со ОВОЈ напиток ќе заспиете како бебе

M T