12.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ЗДРАВЈЕ

Дали е добро да пиете цеден портокал наутро?

Ако секое утро пиете цеден портокал, мора да ги имате на ум следните работи.

Растејќи, многупати имавме можност да слушнеме колку витаминот Ц е важен за нашето тело. Сепак, утрото не е најдобро време за внесување на овој витамин во човечкото тело.

Кога пиете сок од портокал или кој било друг сок, шеќерот од него го подига нивото на серотонин (хормонот на среќата), што ве прави среќни за кратко време. Но, поради дејството на инсулинот, кој се активира при внесување на сокот, наскоро ќе дојде до пад на шеќерот и енергијата. Ова е и причината зошто консумирањето овошен сок наутро не е најдобриот избор.

Првото нешто што го внесувате во телото наутро директно влијае на вашите невротрансмитери и на тоа како ќе функционира вашиот мозок. Затоа, многу е важно со утринскиот оброк да земате житарки и јаткасти плодови, а како пијалок само вода.

Додека шеќерот во 100 проценти овошни сокови се појавува природно – не се додава, како во случајот со индустриските сокови, начинот на кој телото го обработува и реагира на овој шеќер е во суштина ист, се вели во истражувањето на Јама нетворк опен.

Научниците заклучија дека иако овошните сокови можеби не се толку штетни како соковите со шеќер, тие сигурно не се толку здрави – сокот од портокал содржи калории, од кои речиси сите се од шеќер.

Без никакви хранливи материи кои го заситуваат и го забавуваат варењето, како што се влакна, здрави масти или протеини, сокот од портокал може да предизвика зголемување и опаѓање на шеќерот во крвта, што може да доведе до зголемување на телесната тежина на ист начин како и газираните пијалоци.

Спонзорирано:

Можеби ќе ве интересира

Кои се придобивките од пиењето кафе: омилениот пијалок на многу луѓе може да го намали ризикот од дијабетес

CENTAR MKD

Ги намалува шеќерот и холестеролот: Ова растение се нарекува златно, а неговиот корен е чудотворен лек

M T

Еве што се случува со телото ако престанеме да јадеме шеќер 7 дена

M T

Со овие 5 начини можете природно да го регулирате шеќерот во крвта

M T

НОРМАЛНО НИВО НА ШЕЌЕРОТ ВО КРВТА: Вредностите се менуваат со возраста, а во овој случај КОНСУЛТИРАЈТЕ СЕ СО ЛЕКАР

M T

Внимавајте како го јадете: Компирот е многу поопасен за здравјето од шеќерот

M T