20.8 C
Скопје
28. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МЕТЕОCENTARМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Драстично заладување носи снег низ Македонија: Утринските температури до -9 степени – Метеоцентар со детална прогноза за следните дена

Утре и во вторник претпладне ќе има повремени врнежи од дожд, кои на места ќе бидат пообилни и поројни. Поради продор на студена воздушна маса, во текот на ноќта кон вторник и во вторник претпладне на планините и на повисоките места во западните и северните делови врнежите ќе бидат од снег, а снег ќе провејува и на некои пониски места. Ќе дува засилен северен ветер, што ќе предизвика значително намалување на температурата. Поради разведрувањето, во среда и четврток утринските температури насекаде ќе бидат негативни.

Прогноза за 30.11.2021
Минимална температура: 0°C до 5°C
Максимална температура: 1°C до 9°C
Наутро облачно и студено со врнежи, кои на планините и на повисоките места ќе бидат од снег, а снег ќе провејува и на некои пониски места во западните и северните делови. Уште во текот на претпладнето врнежите постепено ќе престануваат, а попладне ќе настапи разведрување. Ќе дува засилен ветер од северен правец, особено вдолж Повардарието.

Прогноза за 01.12.2022
Минимална температура: -9°C до -1°C
Максимална температура: 4°C до 12°C
Утрото студено, преку денот сончево со мала, а во западните делови умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен правец.

Прогноза за 02.12.2021
Минимална температура: -9°C до -2°C
Максимална температура: 6°C до 13°C
Утрото студено, преку денот сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.

Спонзорирано: