11.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
БИЗНИС

И наследникот на Арсовска е против зголемување на минималната плата на 18.000 денари: Тоа е надвор од целокупната економска логика

Претседателот на Сојузот на стопански комори на Македонија, Трајан Ангелоски во интервју за „РСЕ“ вели дека да се размислува за покачување на минимална плата било надвор од целокупната економска логика. Додава дека, сме се фаќале за последната сламка како давеник.

„На кого тоа во моментов му одговара да разговараме за минимална плата? Кога нема доволно да инвестираме во инфраструктура, кога нема економијата да испорача квалитетен економски резултат, имам впечаток дека ние се фаќаме за последната сламка како давеник, а тоа е минималната плата. Во ваква економска состојба, каде што веќе нагласивме дека нивото на економски развој ни е пониско од претпандемиското, да влеземе во зголемување на минималната плата е „обратнопропорционално и навистина е надвор од целокупната економска логика“, кажа Ангелоски.

– Мислам дека тоа ќе биде дополнителен товар на стопанството кој ќе предизвика огромен проблеми и сигурно намалување на вработеноста, дополни Ангелоски.

Спонзорирано: