Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Македонија

566 санкции за брзо возење

Во текот на вчерашниот ден (25.11.2021) Министерството за внатрешни работи спроведе зајакната акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 566 возачи. Од нив 75 возилa се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а 15 возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, 284 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 282 надвор од населено место.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.

Можеби ќе ве интересира

203 санкции за брзо возење

M T

Осум санкции за непрописно вградени фолии

M T

211 санкции за брзо возење

M T

155 санкционирани возачи во Скопје, 34 за брзо возење

M T

257 санкции за брзо возење

M T

166 санкционирани возачи во Скопје, 29 за брзо возење

M T