Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

566 санкции за брзо возење

Во текот на вчерашниот ден (25.11.2021) Министерството за внатрешни работи спроведе зајакната акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 566 возачи. Од нив 75 возилa се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а 15 возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, 284 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 282 надвор од населено место.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.

Можеби ќе ве интересира

Мицкоски за правосудниот испит: Доставивме предлог до Венецијанска и се чека нивното мислење кое е задолжително за преговорите со ЕУ, претходно 20 години никој не барал решение

ДЕСК

ПОЛИЦИСКА АКЦИЈА ВО АЕРОДРОМ – Приведени шест странски државјани

ДЕСК

МИНУС И УТРОВО ВО МАКЕДОНИЈА – Еве каде е измерено најстуденото време

ДЕСК