Европската Унија ја потврди својата определба за членство на земјите од Западен Балкан, нагласувајќи дека проширувањето останува значаен дел од европската политика за долгорочна стабилност и безбедност.
Во официјалните заклучоци од самитот во Брисел се посочува дека земјите од регионот треба да продолжат со реформите, зајакнувањето на институциите и регионалната соработка. Напредокот во пристапниот процес ќе продолжи да се оценува индивидуално, според исполнувањето на утврдените критериуми.
Европските лидери разговараа и за постепено вклучување на регионот во единствениот европски пазар, енергетската и транспортната поврзаност, како и соработката во областа на безбедноста.


