Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИвест

Снегот и дождот се враќаат во делови од Македонија – Метеоцентар со детална прогноза за следните 4 дена

Под влијание на влажен бран од утре ќе преовладува променливо облачно време со повремени врнежи од дожд, на места пообилни, особено во западните делови. На повисоките планини врнежите повремено ќе преминуваат во снег. Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец, кој во деновите од викендот ќе услови повисоки дневни температури.

Прогноза за 27.11.2021
Минимална температура: 0°C до 7°C
Максимална температура: 11°C до 16°C
Променливо облачно, во западните делови со врнежи од дожд. Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец.

Прогноза за 28.11.2021
Минимална температура: 3°C до 9°C
Максимална температура: 12°C до 19°C
Сончево и потопло со мала до умерена облачност. Во вечерните часови во западните делови ќе има врнежи од дожд кои во текот на ноќта ќе се прошират на повеќе места. Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец.

Прогноза за 29.11.2021
Минимална температура: 3°C до 7°C
Максимална температура: 8°C до 16°C
Променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец.

Можеби ќе ве интересира

Полицијата одзеде повеќе мотоцикли поради безобзирно управување низ Скопје – Акцијата траеше до синоќа, напишани над 90 казни

ДЕСК

Денес се слават Светите маченици Евтропиј, Клеоник и Василиск – празник со силна порака за верата

ДЕСК

Каква е состојбата на патиштата?

ДЕСК