Centar.mk
МАКЕДОНИЈАИЗБОР

Заев, Османи и Филипче заминаа за Бугарија

Премиерот Зоран Заев веднаш замина во Бугарија да ги посети преживеаните во автобуската несреќа што се случи во текот на изминатата ноќ на автопатот „Струма“ во која според првичните информации животот го загубија најмалку 45 лица, а седум се повредени.

Најмалку 45 лица загинале во сообраќајна несреќа на македонски автобус кој се враќал од Истанбул за Скопје

Со Заев за Бугарија заминаа и министерот за здравство Венко Филипче и шефот на дипломатијата Бујар Османи. Заев информира дека во Бугарија се упатени и надлежни екипи од Северна Македонија. Тој изрази сочувство за загинатите во несреќата за која бил информиран од бугарскиот претседател Румен Радев и од премиерот Стефан Јанев. На местото на несреќата, пак, како што јави БТА, се упатил бугарскиот премиер Јанев.

Можеби ќе ве интересира

Филипче до Мицкоски: Ги оставивте работниците без поголеми плати

C +

Мицкоски до Филипче: Сто пати ви кажав, за ЕУ нема да водиме мекотелна политика

C +

Филипче: Од Владата на Мицкоски граѓаните веќе не може да очекуваат ништо, можеби банкрот

C +