Centar.mk
вестИЗБОРМАКЕДОНИЈА

Османи смета дека повеќето загинати се од Скопје

Министерот за надворешни работи на Македонија, Бујар Османи, пристигна во болницата „Пирогов“ во Софија да ги види преживеаните во автобуската несреќата на автопатот „Струма“ во Бугарија.

Тој изјави дека туристичката агенција е од Скопје, а според непотврдени информации меѓу загинатите во несреќата има и повеќе од 10 деца. Жртви, како што рече Османи, се и млади парови кои го искористиле продолжениот викенд, имајќи предвид дека вчера беше празник – Ден на албанската азбука.

Тој смета дека повеќето граѓани се од Скопје.

Во „Пирогов“ беше и премиерот Стефан Јанев. Се очекува да пристигне и премиерот на Република Северна Македонија Зоран Заев.

Можеби ќе ве интересира

НЕ ЗАСТАНАЛ НА ПОЛИЦИСКА НАРЕДБА, ПА УДРИЛ ПОЛИЦАЕЦ СО „МЕРЦЕДЕС“ – Кривична пријава против 53-годишен маж од Желино

ДЕСК

ДРАМА ВО АВТОБУС ВО СКОПЈЕ – 79-годишна жена паднала и се здобила со тешки телесни повреди

ДЕСК

НОЌНА ПОЛИЦИСКА АКЦИЈА ВО СКОПЈЕ – Десет лица лишени од слобода на различни локации, меѓу нив и 16-годишник

ДЕСК