Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

МНР отвори телефонска линија на која можат да се обратат роднините на патниците од автобусот

Министерството за надворешни работи отвори специјална телефонска линија.

„Отворена е телефонска линија на која сите загрижени граѓани, роднини и членови на семејствата ќе можат да се обратат за дополнителен совет“, информираат од Министерството. Телефонскиот број е: 075/273 732

Имајќи ја во предвид тешката несреќа што се случи синоќа, Министерството информира дека во министерството веќе функционира кризен штаб во врска со несреќата.

Двајца наши вработени се упатени на испомош во Амбасадата на Северна Македонија во Софија со цел да помогнат околу сите процедури поврзани со трагичниот настан.

Можеби ќе ве интересира

РОДИТЕЛИТЕ ИМ ГО ПРЕПИШАЛЕ СТАНОТ НА ДЕЦАТА – Што ако еден ден им кажат дека повеќе немаат право да живеат таму?

ДЕСК

ЦИКЛОН ЈА ЗАФАЌА МАКЕДОНИЈА – Следуваат обилни дождови, локално над 60 литри на квадратен метар

ДЕСК

Црна Гора со поддршка за македонските евроинтеграции – „Проширувањето мора да биде според заслугите“

ДЕСК