Соопштение на ВМРО ДПМНЕ:
Случајот со изградбата на објектот во Влае за кој Пендаровски призна дека е на неговиот близок соработник Еролд Муслиу заслужува конкретни одговори.
Стево Пендаровски треба јавно да објасни што точно знае за овој објект, каква е неговата поврзаност со Муслиу и зошто овој случај отвора сомнежи за можен судир на интереси.
Прашањето е од каде потекнуваат средствата за ваква инвестиција?
Дали имотната состојба и пријавените приходи на Муслиу соодветствуваат со вредноста на инвестицијата? Дали се пријавени сите деловни интереси и дали постојат евентуални недозволени поврзаности од времето кога ја извршувал јавната функција?
Муслиу да каже дали може да го објасни потеклото на средствата за изградбата. Да се провери имотна состојба и пријавените приходи.
Неопходно е да се испита дали постои судир на интереси или поврзаност со неговото претходно службено работење.
Надлежните институции да извршат проверка на документацијата, финансирањето и законитоста на инвестицијата.
Јавното обвинителство и Државната комисија за спречување на корупцијата не смеат да останат неми набљудувачи.
Граѓаните имаат право да знаат дали луѓето кои извршувале високи јавни функции можат да го оправдаат своето богатство со законски стекнати приходи.
Нема недопирливи. Нема привилегирани. Законите мора да важат подеднакво за сите.


