Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Пендаровски: Ја цениме постојаната поддршка од Полска за нашата европска интеграција

Посетата на полскиот претседател Анджеј Дуда е потврда за пријателството меѓу нашите две држави и цврстите македонско-полски односи, посочи претседателот Стево Пендаровски на социјалните мрежи.

Како што кажа тој, државата ја цени постојаната и гласна поддршка за нашата европска интеграција.

„Посетата доаѓа во важен момент за процесот на проширување на Европската унија, а во пресрет на декемврискиот самит. Како сојузници во НАТО заеднички придонесуваме кон глобалниот мир и безбедност“, истакна Пендаровски.

Претходно, претседателот Дуда беше пречекан со највисоки државни и воени почести.

Можеби ќе ве интересира

Гаши со честитка по повод Велигден

ДЕСК

Честитка од претседателката Сиљановска-Давкова по повод Велигден

ДЕСК

ГРАБЕЖ СРЕДЕ БЕЛ ДЕН ДЕН: На мостот Гоце Делчев во Скопје ѝ одзеле накит – уапсени осомничени

ДЕСК