Centar.mk
БИЗНИСТЕМА

Лоши вести: Се формира балон

Европската централна банка (ЕЦБ) предупреди дека финансискиот пазар и пазарите на недвижности се преценети.

Како што најави таа, до ваквата состојба дојде пред се поради брзото економско закрепнување, ниските каматни стапки и големите пакети за помош кои беа дистрибуирани за време на пандемијата.

Оваа институција во својот полугодишен Извештај за стабилноста како еден од најголемите ризици за ЕУ. Ваквото ризично однесување, меѓу другото, се рефлектира и во ризичните инвестиции, особено во егзотичните, кои подлежат на послаба регулација.

Она што ЕЦБ може да го направи за донекаде да го ублажи развојот на оваа ситуација е да ги намали пакетите за помош. Затоа уште во септември најави дека ќе купува помалку обврзници.

Во меѓувреме, инфлацијата во еврозоната продолжи да расте, од 3,4 отсто во септември на 4,1 отсто во октомври. Сепак, Европската централна банка е на став дека ова поскапување е само привремено и ќе забави во следната година.

Од друга страна, некои учесници на пазарот сметаат дека ЕЦБ ги потценува инфлаторните притисоци и ќе мора да ги приспособи своите проценки.

Можеби ќе ве интересира

Се токмат нови цени на горивата – нафтата на светските берзи драстично паѓа, ќе падне ли цената на горивата и во Македонија?

ДЕСК

Пад на цените на нафтата по надежите за договор меѓу САД и Иран

C +

Зошто храната е скапа и кога светските цени паѓаат?

ДЕСК