Centar.mk
МОЗАИК

Се намалува бројот на пушачи во светот

Бројот на пушачи ширум светот е во континуиран пад, соопшти Светската здравствена организација (СЗО), повикувајќи ги земјите дополнително да ги зајакнат контролните мерки за справување со смртоносната зависност од цигари.

Во 2020 година, околу 1,3 милијарди луѓе во светот конзумирале тутун, што е намалување во однос на 1,32 милијарди две години претходно, се наведува во новиот извештај на СЗО. Очекувањата се овој број да се намали на 1,27 милијарди до 2025 година.

Уделот на пушачите во популацијата на возраст од 15 до 24 години во 2000 година во светот беше 20,8 отсто (секој петти пуши), а сега е 14,2 отсто (секој седми).

Иако бројките се намалуваат, во извештајот се посочува дека 36,7 отсто од сите мажи и 7,8 отсто од жените во светот сè уште користат тутунски производи.

Се проценува дека пушењето убива повеќе од осум милиони луѓе секоја година, најмногу поради директна употреба на тутун, но и поради изложеност на пасивно пушење.

Можеби ќе ве интересира

Доаѓаат пари за за два хороскопски знаци: Јуни носи голем финансиски пресврт

ДЕСК

ХОРОСКОП ШТО ЌЕ ВЕ ЗАМИСЛИ: Некој ќе стави точка, а некој ќе отвори нова врата

ДЕСК

Научниците предупредуваат: Утринското кафе го нарушува сонот

C +