22. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.МАКЕДОНИЈАИЗБОР

Дали Грујовски со изборот на Деаноски сака да прикрие недоследности во работењето на УПОЗ

Наместо да се борат за подобрување на работничките права, раководството на Синдикатот на УПОЗ распишува избори, а сегашниот генерален секретар еден по еден ги елиминира неистомислениците.

Според неколку членови на Претседателството на УПОЗ, сегашниот претседател, Пецо Груевски кој распиша избори на 25 октомври, веќе има полни 69 години, одлучил негов наследник да биде Трпе Дејановски, сегашниот втор потписник на сметките на УПОЗ, близок пријател на еден од неговите синови и лице кое најверојатно треба да ги прикрие одредените финансиски недоследности за кои медиумите веќе известија дека има кривична пријава. 

Според информацијата за да се осигураат дека нивниот план ќе успее, највисокото раководство (претседателот и генералниот секретар) донесуваат одлука Трпе Дејановски да биде единствен кандидат за претседател, иако досега, согласно Статутот на синдикатот, синдикалните организации се тие кои предлагаат можни кандидати, потоа Претседателството треба да ги утврди кандидатите кои добиле поддршка од 1/3 од синдикалните организации и 1/3 од членовите, а Конгресот е телото што го бира претседателот преку гласање на делегатите. 

Во случајов, оваа постапка е целосно прескокната и нарушена, а под притисок донесена е и нестатутарна одлука Трпе Деановски да биде единствен кандидат и истата одлука била пратена до синдикалните организации за изјаснување.

Иако добар дел од синдикалните организации почнале да предлагаат и други можни кандидати за претседател, Груевски и Дејановски преку притисоци и закани врз претседателите и членовите на синдикалните организации (но и со ветувања за одредени финансиски бенефиции) прават се’ Дејановски да остане како единствен можен кандидат за претседател на УПОЗ. Синдикалните активисти предупредуваат дека најверојатно се направени и дупликати односно фалсификат записници од изборните активности во голем дел од синдикалните организации.

Разврска се очекува и по статутарните канали на Синдикатот на УПОЗ, но и преку судските институции. Истите членови на Претседателството на УПОЗ се надеваат дека разумот ќе преовладее и постапката за избор на претседател ќе биде стопирана и поништена, а дека ќе се отвори пат за демократски избори.