10. октомври 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАИЗБОР

СДСМ: Зголемено и стабилно парламентарно мнозинство предводено од СДСМ ќе стави крај на блокадите на опозицијата и ќе ги донесе важните закони

Соопштение на СДСМ:

Опозицијата во Собранието со месеци блокира и опструира важни закони од интерес на граѓаните.

Како последица на неодговорниот, нечесен и политикантски однос на пратениците од опозицијата во Собранието закочени се закони кои го подобруваат стандардот на граѓаните во државата.

Зголемено и стабилно парламентарно мнозинство предводено од СДСМ ќе стави крај на овие блокади и ќе ги донесе законите заглавени во собраниските процедури.

Тука спаѓаат измените со кои недела станува неработен ден за 92 отсто од сите вработени, како и законските измени со кои минималната плата ќе се зголеми на 18.000 денари.

Ќе се отстранат и блокадите на законските измени со кои 4.700 наставници и стручни соработници во основното и средното образование ќе добијат решение за трајно вработување со што ќе стенат правна и економска сигурност.

Стабилно парламентарно мнозинство предводено од СДСМ ќе го донесе и предлог Законот за отпис на камати на долгови, со што на над 150.000 граѓани ќе им се помогне да го решат проблемот со задоцнетото плаќање на долговите кон јавните и државни претпријатија.

Носењето на овие закони, како и други измени и дополнувања на законите ќе значат поквалитетен живот на граѓаните и забрзан реформски процес во државата.

Време е за одговорност и работа во интерес на граѓаните, време е за ефикасно справување предизвиците пред нас како пандемијата, енергетската криза и секако продолжување по евро-атланстскиот пат на државата.

СДСМ како одговорна и државотворна партија останува на страна на интересите на граѓаните, на интересите на државата.

Можеби ќе ве интересира

Лишени од слобода шест лица по вчерашната физичка пресметка пред угостителски објект во Скопје

ДЕСК

Ацевски: Зошто Мицкоски и Орце Ѓорѓиевски чекаат избори, зошто не го исчистат градот сега?

C +

Шукова: Селекцијата на отпадот од домаќинствата ќе го намали притисокот врз Вардариште и Дрисла

C +