Centar.mk
вестМАКЕДОНИЈАТЕМАТОП ВЕСТИ

Петровска: Телохранителот на Мицкоски, со договор вреден 500.000 евра е дел од скандалот со парцелите!

Прес-конференција на СДСМ, Славјанка Петровска, пратеничка на СДСМ:

Почитувани граѓани, почитувани новинари,

На површина исплива голем скандал кој директно води до Белиот дворец и луѓе блиски на Христијан Мицкоски.

Неколку лица, сите поврзани со ВМРО-ДПМНЕ купиле или добиле на дар парцели земјиште во општина Делчево, сите вредни околу 40.000 евра.

Истите парцели само две-три недели подоцна ги продале и за 40 пати повеќе од пазарната вредност или за вкупно 1,6 милиони евра.

Прашањето на кое одговор треба да даде истрагата е дали разликата од над 1,5 милиони евра завршила во нечии џебови или директно во Белиот дворец?

Според информациите во медиумите се споменуваат повеќе имиња, сите поврзани со ВМРО-ДПМНЕ, како Игор Г, поранешен претседател на УМС на ВМРО-ДПМНЕ, Дарко Т, поранешен советник на ВМРО-ДПМНЕ, но и други лица.

Но, скандалот добива драстично поголема димензија која води директно до Мицкоски.

Едно од вмешаните лица е и Влатко Илиевски, дел од обезбедувањето на Христијан Мицкоски.

Ова е Договорот за купопродажба на Илиевски, телохранителот на Мицкоски, вреден неверојатни 500.000 евра!

Го повикуваме Христијан Мицкоски да излезе пред граѓаните и да одговори:

Каква е неговата поврзаност со овој скандал?

Дали со негово одобрување и знаење е склучен овој договор?

Дали разликата од препродажбата како црни пари завршиле во Белиот дворец за што постојат оправдани сомневања?

Затоа ли брзавте да изгласате недоверба? За да го скриете овој скандал?

Јавноста очекува одговори на овие прашања, а истрагата на надлежните институции треба да ги даде сите детали за овој случај и да лоцира одговорност.

линк до видео: https://www.youtube.com/watch?v=DxrfF3-lMPg

Можеби ќе ве интересира

Нема пари, 51 милион евра не се префрлени во вториот столб – велат од СДСМ

ДЕСК

АЛАРМАНТНИ НАОДИ ЗА ФОНДОТ ЗА ЗДРАВСТВО – Од 42 предвидени ИТ-работни места биле пополнети само седум

ДЕСК

ВМРО ДПМНЕ: Филипче и СДС бегаат од надзорна расправа за Алта банка и продолжуваат да лажат дека банката имала забрана за работа во ЕУ

ДЕСК