Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Петмина повредени во сообраќајка на патот Штип-Кочани

На 16.11.2021 околу 06.50 часот во СВР Штип било пријавено дека на магистрален пат Штип – Кочани, кај с.Крупиште, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „пежо 407“, со винички регистарски ознаки, управувано од Ш.А.(42) од Виница и патничко возило „опел зафира“, со струмички регистарски ознаки, управувано од Е.А.(18) од Струмица. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле возачите Е.А., Ш.А. и сопатникот во возилото „опел“, Е.М.(22) од Струмица, a со телесни повреди се здобиле сопатник во возилото „опел“ А.М.(26) и малолетен сопатник во возилото „пежо“, сите констатирани во Клиничка болница Штип.

Увид на местото на нeсреќата извршила екипа од СВР Штип.

Можеби ќе ве интересира

ПРЕД ДА ОДИТЕ ПО ПАСОШ ИЛИ ЛИЧНА КАРТА: МВР објави што не треба да носите

ДЕСК

Лишени од слобода 16 возачи за безобѕирно управување возило, 14 возеле без дозвола, од кои еден малолетник, еден со активна забрана и еден без дозвола и под дејство на алкохол

ДЕСК

Македонија за три месеци изгуби мал град: Алармот за населението одамна е вклучен

ДЕСК