Centar.mk
ТЕМАМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

СДСМ: Дали во скандалот за нелегално финансирање на партија се вмешани и лица блиски до Мицкоски?

Јавноста е запознаена, велат од владејачката СДСМ, со голем скандал за кој Управата за финансиска полиција има отворено предистрага за нелегално финансирање на политичка партија.

Според оваа партија, јавно објавените информации говорат дека се обезбедени милионски средства, на нелегален, криминален начин преку препродажба на ниви по десеткратно повисока цена.

Постои сомневање дека овие црни пари завршиле во белиот дворец, додаваат од СДСМ.

„Токму таткото на пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ е едно од лицата кај кои е вршен претрес во предистражната постапка. Јавноста има право да знае дали во овој скандал на нелегално финансирање се вмешани лица блиски до Христијан Мицкоски? Дали меѓу тие лица се и членови на обезбедувањето на Мицкоски и функционери на ВМРО-ДПМНЕ? Очекуваме одговори и од Мицкоски: на кој начин е поврзан со овој скандал?“, реагираат од партијата на власт.

Истрагата на Управата за финансиска полиција и надлежните институции, велат од таму, треба да ги даде одговорите за сите детали за овој случај.

Можеби ќе ве интересира

Предлог-законот за јавно обвинителство на јавна расправа

ДЕСК

ПРЕСВРТ СО ВРЕМЕТО: Студена воздушна маса носи дожд и снег низ Македонија – детална прогноза за следните 4 дена

ДЕСК

Расчистен случај со лажна сообраќајка, лишен од слобода скопјанец, одреден му е притвор

ДЕСК