Centar.mk
МАКЕДОНИЈАБИЗНИС

Висок напон на струја го предизвикал пожарот на трансформаторот во РЕК Битола

Стручни лица од РЕК Битола, со поддршка на колеги од МЕПСО и ЕВН Македонија, како и експерти од Техничките факултети во Битола и Скопје, интензивно работат на оспособување на трансформаторот на Блок 3 кој беше оштетен во пожарот минатиот петок.

„ Првичните, неофицијални наоди говорат дека пожарот го предизвикал висок напон кој дошол до трансформаторот преку електроенергетскиот систем“ наведуваат од компанијата.

Генералниот директор на АД ЕСМ, Васко Ковачевски и директорот на производство на АД ЕСМ, Благојче Трповски најавија формирање на експертски тим од енергетските компании кој ќе ги дефинира чекорите за спречување на слични појави во иднина.

Ковачевски и Трповски изразија задоволство од зголемената динамика на ископ на јаглен во рудниците на РЕК Битола и формирањето на солидни залихи на депонијата од која се снабдува Термоелектраната.

Во РЕК Битола продолжуваат и завршните активности за заокружување на процесот на т.н. нега на Блок 2 кој в недела треба да биде ставен во функција.

Можеби ќе ве интересира

БОЖИЌЕН БОНУС ОД 5.000 ДЕНАРИ: Среќна вест за речиси 1000 вработени на можеби најголемиот ланец маркети во Македонија

ДЕСК

Снег за Божиќ ќе “трупа” во Македонија: Синоптичарите најавуваат значителни промени со времето, детална прогноза за следните 4 дена

ДЕСК

Драма на наплатна “Петровец” – Еден вработен е ранет, а напаѓачот со возило со скопски таблици ја скршил рампата и побегнал

ДЕСК