15.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕХНОЛОГИЈАИЗБОР

Книга од 1992 година го предвидела метаверзумот

Кога неодамна најави ребрендирање на компанијата „Фејсбук“ во „Мета“, Марк Закерберг јасно стави до знаење дека иднината на интернетот лежи во метаверзумот – виртуелен свет во кој луѓето ќе живеат, ќе работат и ќе играат.

Тоа е футуристичка идеја, но самиот термин е стар речиси 30 години, објави „Си-ен-би-си“.

Истиот извор пренесува дека писателот Нил Стивенсон го скова терминот метаверзум во својот научно-фантастичен роман Snow Crash („Снежен пад“) од 1992 година, во кој тој пишува за наследник на интернетот заснован на виртуелна реалност. Во романот, луѓето користат дигитални аватари за да го истражуваат светот на интернетот како начин да избегаат од дистописката реалност.

Речиси три децении подоцна звучи како иднината што Закерберг се обидува да ја изгради со „Мета“. Само без дистопија.

Минатата недела авторот Стивенсон иззјави за „Аксиос“ дека никогаш немал никаква комуникација со Закерберг. Сепак, ако „Мета“ ги исполни сите предвидувања на Стивенсон, нејзиниот метаверзум можеби нема да биде толку идилично место како што изгледа.

Дејствието на романот е сместено на почетокот на овој век, и предвидува мрачна иднина во која глобалната економија пропаѓа и федералните влади губат поголем дел од својата моќ поради неколку гигантски корпорации. Метаверзумот е бегство, а главниот лик на романот – компјутерски хакер и доставувач на пица, со смешно име Хиро Протагонист – го поминува поголемиот дел од своето време таму. Тој пристапува во метаверзумот носејќи очила и слушалки, а во дигиталниот свет се појавува како сопствен прилагоден аватар.

Штом ќе влезат таму, аватарите можат да прошетаат на една широка улица долга десетици илјади милји, во која се сместени забавни паркови, продавници и канцеларии. Сторијата се фокусира на главниот лик, кој се обидува да спречи компјутерски вирус што предизвикува корисниците на метаверзумот да претрпат вистинско оштетување на мозокот, пренесува „Си-ен-би-си“.

Спонзорирано: