Centar.mk
МЕТЕОCENTARТЕМАМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Денес облачно и магливо, од утре дождови и пад на температурите – Метеоцентар со детална прогноза за времето

Времето денес претпладне по ооделни котлини, особено вдолж Повардарието, со појава на магла, во останатите делови сончево со мала до умерена облачност. Во текот на денот облачноста ќе се зголеми, па ќе преовладува умерено до значително облачно и релативно топло време. Ќе дува слаб ветер претежно од јужен правец.

Во следните денови ќе преовладува променливо облачно време. Утре ќе има појава на слаб локален дожд и ќе дува засилен северен ветер, што ќе услови намалување на дневната температура во следните денови. Услови за локален дожд во југоисточните делови ќе има и во среда. Кон крајот на неделата ќе се намали и утринската температура.

Прогноза за 10.11.2021
Минимална температура: 2°C до 9°C
Максимална температура: 10°C до 16°C
Претежно облачно и свежо со умерен ветер од југоисточен правец, поизразен вдолж Повардарието. Во југоисточните делови ќе има појава на краткотраен дожд.

Прогноза за 11.11.2021
Минимална температура: 1°C до 7°C
Максимална температура: 12°C до 17°C
Претпладне значително облачно, по одделни котлини со услови за појава на магла. Попладне со умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.

Прогноза за 12.11.2021
Минимална температура: -2°C до 5°C
Максимална температура: 14°C до 19°C
Сончево со мала до умерена облачност, претпладне по одделни котлини со услови за појава на магла. Ќе дува слаб ветер претежно од северен правец.

Можеби ќе ве интересира

ПОДГОТВЕТЕ СЕ ЗА ОБЛАЦИ И ДОЖД ОВОЈ ВИКЕНД, А ОД ВТОРНИК И ЗА ПАД НА ТЕМПЕРАТУРИТЕ – Синоптичарите објавија четиридневна прогноза

ДЕСК

Пукање во Скопје: 15 годишник нападнат од двајца малолетници, едниот извадил пиштол – репетирал и пукал

ДЕСК

Хорор во Скопје: Три малолетнички нападнати, тепани и снимани со мобилен телефон од четири женски лица

ДЕСК