23. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Левица прави коалиции за влез во влада, а во нивната програма бараат укинување на владата како институција

Опозициските партии седнаа на маса и започнаа договарање на непринципиелна коалиција, иако очигледно нивните програми не само што се различни туку се и спротивни. Во програмата на партијата Левица, освен што се против користење на името ВМРО, против Преспанскиот и Охридскиот рамковен договор, тие се и против постоење на Влада.

Како што стои во нивната програма тие се залагаат за воведување на „чист претседателски систем, односно моноцефална извршна власт, само со Претседател на Републиката, биран на неспоредни избори и негов Кабинет (без Влада)“.

Дали во желбата за моќ и позиција, лидерот на Левица, Димитар Апасиев, е подготвен да се откаже и од овој принцип или останатите партии се подготвени на радикализам во борбата за власта.

Освен укинување на Владата, Левица во својата програма бара и укинување на Преспанскиот договор, како и кривичен прогон за сите учесници во менувањето на името. Тие исто така бараат и бришење на името ВМРО од опозициската ДПМНЕ и законска заштита и забрана за користење на ова име од било која политичка партија.

Во меѓунардоните односи, Левица е за итно отчленување од НАТО пактот, како и избегнување од стратешкиот интерес за членство во Европската Унија и склучување стратешко партнерство со Кина.

Ова го наметнува прашањето дали останатите партии кои седнаа на маса со Апасиев, ВМРО-ДПМНЕ, Алијанса за Албанците, Алтернатива и БЕСА исто така се откажуваат од евроатлантскиот пат на земјава и во борбата за власт ќе се откажат од нивните програми и принципи.