19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Се ситни “мнозинството” на Мицкоски – Скендер Реџепи нема да гласа ако Левица е дел од таа коалиција, Алтернатива биле известени дека Милевски е дел, а не и Левица?

Новинската агенција Журнал од партиски извори дознава дека пратеникот на Алтернатива, Скендер Реџепи-Зејд, нема да го поддржи новото мнозинство во кое е вклучена и контроверзната партија Левица на Апасиев, пишува Тетовасот.

– Според изворите тој е категорично против соработка со партијата „Левица“, партија која во светот е веќе позната како анти-НАТО, анти-ЕУ и антиамериканска, против Договорот од Преспа, Охрид, албански јазик и дека ќе побара од неговата партија да се повлече од овој договор, пренесува Журнал.мк.

Истиот извор наведува дека до моментот на мнозинската средба во собранието за потпишување на новото мнозинство, АлтерНатива како партија не е информирана дека во ова ново мнозинство е и „ЛЕВИЦА“ на Апасиев, но имале информации дека ЛДП на Горан Милевски ќе биде вклучена. И сега пратеникот Зајд бара неговата партија да се повлече од мнозинството во спротивно неговиот глас нема да биде за оваа влада, пишува Тетовасот.

Спонзорирано: