22. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Јакимовски до новинарите: Смешни сте, оркестрирано сте дошле на судењето

Откако денеска се одложи судското рочиште против градоначалникот на Карпош, Стевчо Јакимовски, тој на прашање на новинарите зошто веќе три години се одоговлекува процесот против него, им одговори дека се смешни.

-Смешни ви се прашањата. Секогаш сме се јавувале на сите рочишта и секогаш сме биле присутни. И на сите рочишта ќе присуствувам. Прво е срамота ова што го гледам пред мене. Очиглено оркестрирано сте дошле сите како медиуми, јас ги почитувам медиумите. Јас сум по овие врати две години, а медиум ддосега не видов. Победата некому тешко му паѓа и мислам дека е лошо за сите и за тие што се на влас и за тие во опозиција. Не е добро, заканите од 2013 година дека ќе лежам во затвор некој се обидуваше да ги спроведе сиве овие години. Поштено и чесно сме работеле и јас и моите вработени, чисти сме како солза и тоа ќе го докажеме, рече Јакимовски.

Денешното рочиште се одложи бидејќи адвокатот на Јакимовски бил во контакт со заразени од Ковид-19.
На Јакимовски му се суди за кривично дело од времето кога беше градоначалник, односно за незаконска легализација на објекти, меѓу кои и за просторот кај поранешниот ресторан „Имес“, и градењето на административната зграда на Општина Карпош.