22. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Татко и син под истрага за откриена импровизирана работилница за оружје во Скопје

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против две лица, татко и син, за кои постои основано сомнение дека сториле кривично дело – Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи од член 396 од Кривичниот законик.

При претрес во домот на двајцата осомничени, на улицата „Методија Митревски“ во Скопје, биле пронајдени поголемо количество оружје, различна муниција и делови за оружје во импровизирана работилница. Претрес бил извршен и во викенд куќа на семејството во селото Раштак, каде било пронајдено дополнително количество оружје и муниција.

За осомничените на возраст од 73 и 46 години, надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор, бидејќи постои опасност тие да се дадат во бегство или да го повторат делото.