Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

СДСМ: Нема на бранот на еуфоријата да му дадеме на Мицкоски поголема власт од оваа која ја освои на локалните избори

Државата и народот се најважни, парламентарното мнозинство нема да ја става државата на ризик и нема да гласа за брзи предвремени парламентарни избори, велат од СДСМ во реакцијата на прес-конференцијата на Драган Ковачки од ВМРО – ДПМНЕ кој побара избори.

„ВМРО-ДПМНЕ од час во час потврдуваат дека издиша нивниот балон од лаги дека имале ново парламентарно мнозинство. Парламентарното мнозинство е стабилно и нема да ја става државата во ризик и затоа нема да гласа за брзи предвремени избори. СДСМ, коалицијата и демократското мнозинство граѓани нема на бранот на еуфоријата да му дадат на Мицкоски поголема власт од оваа која ја освои на локалните избори. Државата и нејзината иднина се многу поважни од желбата за власт на Мицкоски“, велат од СДСМ.

Од партијата наведуваат дека на граѓаните им е потребна Влада која испорачува резултат, особено во време на пандемија и енергетска криза, Влада која има евроатлански курс на дејствување и која нема да го закочи евроинтегративниот процес.

„Затоа, ова парламентарно мнозинство, во име на нужноста земјата да продолжи напред во решавање на последиците од пандемијата и во соочување со енергетската криза, во име на потребата да ги вложиме сите напори да ги почнеме преговорите со ЕУ, нема да гласа за брзи предвремени парламентарни избори. СДСМ, коалицијата и граѓаните нема да дозволат ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски да го поништуваат Договорот од Преспа, да не втурнат во нови кавги со Грција и другите соседи, да не внесат во конфликт и внатрешна омраза и на тој начин да поништат сѐ што постигнавме заедно во овие четири години“, се наведува во писмената реакција.

Можеби ќе ве интересира

Обвинителството оформи предмет по допрен глас за наводите за транспорт на мозоци од починати лица во САД

ДЕСК

СДСМ: Молкот за дрогата од 5 тони е потврда дека скандалот оди до врвот на власта

ДЕСК

Во месец јануари 15.943 сообраќајни прекршоци, лишени од слобода 74 лица за безобѕирно управување на возило согласно член 297-а од Кривичниот законик

ДЕСК