3.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Димитров: Преку Отворен Балкан да ѝ покажеме на ЕУ дека сме регион што носи решенија, а не проблеми

Работниот состанок за Отворен Балкан што се одржува вчера и денес во Белград, беше заокружен со трилатерална средба Димитров-Вучиќ-Рама, по што следуваше прес-конференција на која беа презентирани конкретно договорените чекори за натамошно реализирање на иницијативата.

Вицепремиерот Димитров нагласи дека регионалната соработка не е алтернатива на европската интеграција, туку напротив оваа иницијатива е оригинален придонес од земјите од регионот во функција на европската иднина, a Северна Македонија останува цврсто посветена на својата стратешка цел.

„Регионалната соработка е мудар избор, регионалната соработка е правилен избор и регионалната соработка е европски избор. Единствената одржлива и долгорочна визија за стабилен, победнички Балканот е онаа каде што границите се помалку важни, па дури и до степен да станат неважни и затоа поттикнувањето на регионалната соработка преку инцијативата Отворен Балкан е голем чекор кон остварување на оваа визија. Значењето што Владата го придава на регионалната соработка и на оваа иницијатива мислам е потенцирано со фактот што сум јас тука денес во Белград во услови кога на македонската политичка сцена имаме една прилично комплексна ситуација, но оваа кауза е преважна и го немаме луксузот да не бидеме тука присутни и на оваа сесија од оваа иницијатива меѓу трите држави“.

Димитров се осврна на конкретните заклучоци од одржаниот работен состанок, односно од лидерските средби и средбите со претставниците на компаниите:

„Од аспект на граѓаните на трите држави, па и на целиот регион на Балканот, голем плус е ако ги елиминираме трговските бариери и овозможиме регионот да стане многу поатрактивен за странските инвестиции. Од перспектива на земјите-членки на Европската Унија, колку повеќе успешно соработуваме ние тука, толку повеќе ќе ги убедиме дека сме регион што не може да носи проблеми, туку ќе носи решенија. Ние покажавме дека имаме политичка волја, мислам дека има сосема очигледни услови таа политичка волја да се претвори во легислатива таму каде е тоа потребно или меѓународни договори. Тоа што недостасува што на овој состанок го адресиравме е да ја зајакнеме имплементацијата. Нашата заложба е на следната средба кон крајот на годината во Тирана, да бидеме во можност да објавиме неколку заеднички победи, вклучувајќи и решение за спроведување и колку повеќе ќе испорачаме заеднички победи, толку поатрактивна ќе стане иницијативата и за другите земји од нашиот регион“.

Дмитров истакна дека регионалната соработка има поголеми шанси за успех ако е навистина регионална во инклузивна смисла: „Мислам дека е многу важно да остане иницијативата отворена за сите и мислам дека колку поконкретно и одлучно чекориме напред, толку ќе бидеме попривлечни и за другите земји и ќе паднат резервите“.

Во рамки на работниот состанок, во соработка со Атлантскиот совет беше организирана и панел-дискусија на тема „Дигиталната трансформација како подадена рака за регионална интеграција“ при што беше истакната важноста на дигитализацијата за унапредување на регионалната соработка преку платформата Отворен Балкан.

Следниот работен состанок на иницијативата Отворен Балкан е планирано да се одржи кон крајот на годината во Тирана и на тој состанок ќе биде направен преглед на остварувањето на обврските преземени на средбите во Белград овие два дена.

Спонзорирано:

Можеби ќе ве интересира

ЕУ воведе санкции кон Иран

M T

Борел: ЕУ зависи од Русија и Кина, но и од САД

M T

Каевски: Историско поглавје од преговорите со ЕУ, започна скрининг процесот

M T

ЕУ ги продолжува индивидуалните санкции против Русија за шест месеци

M T

СДСМ: Започнува скрининг процесот, нов чекор од патот кон ЕУ

M T

Фон дер Лајен: ЕУ е нецелосна без Западен Балкан, Украина и Молдавија

M T