Centar.mk
ИЗБОРМАКЕДОНИЈА

Владата ја усвои информацијата за клучните препораки од извештајот на ЕК

Министрите во Владата денеска ја разгледаа и усвоија и информацијата за клучните наоди и препораки од извештајот на Европската комисија за Македонија за 2021 година, во кој се констатира дека земјата продолжува да ги исполнува условите за отворање на пристапните преговори и дека властите јавно ја демонстрираат својата цврста посветеност за напредок на земјата на нејзиниот пат кон ЕУ, соопштија од прес-службата на Владата.

„Комисијата ги повика земјите членки, без одлагање, да ја усвојат преговарачката рамка и да се одржи првата меѓувладина конференција и укажа дека одложувањето на официјалното почнување на пристапните преговори има негативно влијание врз кредибилитетот на ЕУ.

Во согласност со извештајот на Европската комисија, Владата го задолжи Секретаријатот за европски прашања, во соработка со ресорните министерства, да ја ажурира ‘Агенда Европа дома’ во согласност со краткорочните приоритети од извештајот на Европската комисија за Република Северна Македонија за 2021 година најдоцна до 22 ноември 2021 година“, се додава во соопштението.

Можеби ќе ве интересира

МАКЕДОНИЈА ВЛЕГУВА ВО ЛЕДЕН ДЕКЕМВРИ – Температурите ќе паднат до -16 степени, се очекуваат магла и дневен мраз

ДЕСК

ПОЛИЦИЈАТА ТРАГА ПО ЛИЦАТА ШТО ГО СИМНАЛЕ МАКЕДОНСКОТО ЗНАМЕ – Политички реакции по настанот во Гостивар

ДЕСК

ВОЗАЧИТЕ ДА БИДАТ ВНИМАТЕЛНИ – Кашест снег и влажни коловози на патиштата низ Македонија

ДЕСК