Centar.mk
ТЕХНОЛОГИЈА

„Фејсбук“ го укинува системот за препознавање лица

„Фејсбук“ објави дека го укинува својот систем за препознавање лица, кој автоматски ги идентификува корисниците на фотографиите и видеата, наведувајќи ја зголемената загриженост за употребата на таквата технологија.

„Регулаторите сè уште се во процес на давање јасни правила со кои се регулира употребата на таа технологија“, напиша Џером Песенти, потпретседател за вештачка интелигенција на „Фејсбук“.

„Во средината на оваа постојана неизвесност, ние веруваме дека ограничувањето на употребата на препознавање лице на тесен сет случаи е соодветно“, додаде Песенти.

Тој најави дека отстранувањето ќе биде глобално и се очекува да биде завршено до декември.

Можеби ќе ве интересира

РОБОТИТЕ СÈ ПОВЕЌЕ НАЛИКУВААТ НА ЛУЃЕ – Во Кина претставени хуманоиди со реалистични лица

ДЕСК

ЈАПОНИЈА СО НОВ ТЕХНОЛОШКИ ИСЧЕКОР – Пристигнува побрза меморија за вештачка интелигенција

ДЕСК

Шефот на „Антропик“: Не сакам луѓето да ја препуштат својата слободна волја на вештачката интелигенција

ДЕСК