22. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Џафери изрази надеж за надминување на состојбата со Бугарија и почеток на преговорите со ЕУ

Претседателот на Собранието, Талат Џафери, оствари средба со европратеникот Тијс Ројтен, кој престојува во работна посета на Македонија.

Џафери ја констатираше повеќедецениската соработка со Европскиот парламент на различни нивоа и ја поздрави континуираната поддршка на нашите аспирации за членство во Европската унија. Тој информираше дека годишната Резолуција на Европскиот парламент и Извештајот на Европската комисија кои даваат балансирана слика на актуелните состојби во земјата, за Собранието и државните институции секогаш претставуваат ориентир за спроведување на понатамошни реформи. Беа поздравени и иницијативите на Европскиот парламент како Самитот на претседатели на парламенти од Западен Балкан на Претседателот Сасоли и Дијалогот Жан Моне, со кои суштински се унапредува политичкиот дијалог меѓу парламентите во регионот, но и дијалогот во самите парламенти на земјите аспиранти. Благодарение на овој Жан Моне дијалог, нашето Собрание е повеќе години единственото функционално Собрание во регионот, посочи Џафери. Тој го информираше соговорникот за актуелниот статус на односите со Република Бугарија, изразувајќи надеж дека во најскоро време ќе бидеме сведоци на надмината состојба и ќе ги почнеме преговорите за членство со Унијата.

Европратеникот Ројтен ја поздрави улогата на Џафери во подобрување на демократската култура во земјата, која според него, може да претставува пример и за некои земји членки на ЕУ. Тој нагласи дека политичките чинители треба да го одржуваат фокусот на реформите кои претстојат, а Европската унија да го заврши својот дел од сложувалката во овој процес. Европскиот парламент смета дека ветувањето дадено кон земјата одамна требаше да се реализира.

Европратениците ќе продолжат низ дијалог и партнерство да му помагаат на Собранието на неговиот евроинтеграциски пат, особено во текот на самите преговори за членство. Во тој контекст, Ројтен покажа интерес за следните заеднички чекори на Собранието и на Европскиот парламент во иднина. Негова порака до Претседателот беше да продолжи со својата работа на одржување на политичкиот дијалог и отвореност кон јавноста како и досега.

Можеби ќе ве интересира

Џафери-Дир: Потребни се заеднички напори за хуманитарен одговор во Украина

M T

Средба Џафери-Рот: Уставните измени нема да бидат на штета на ниту еден Македонец во земјата

M T

СДСМ: Мицкоски ќе биде запаметен по тоа што ги рушеше националните позиции во однос на Бугарија

M T

Собранискиот претседател Талат Џафери ќе учествува на 9. Пленарна сесија на ПС на ПСЈИЕ

M T

ЕУ ги повика Бугарија и Македонија да најдат решение

M T

Џафери во Тирана на конференција на претседателите на парламенти

M T