Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

Костадинов на Телма: Не е време за парламентарни избори, парламентарното мнозинство е стабилно

Парламентарното мнозинство е стабилно, на ниво на коалиција имаме повеќе гласови на локалните избори, така што не е време за предвремени парламентарни, рече Перо Костадинов градоначалникот од редовите на СДСМ на општина Валандово, во гостувањето на „Топ Тема“.

-Во принцип промени се случувале кога лидерите биле во опозиција, а според мене премиерот Зоран Заев не треба да си поднесе оставка. Владата има легимитет врз основа на предвремените избори минатата година, земјата е на прогресивен пат кој не треба да се спречува, дополни  тој.

Според Костадинов сите политички партии потребно е да престанат да го тероризираат населението со избори, а патот кон ЕУ е зацртан и треба да се продолжи.

Можеби ќе ве интересира

Два нови пилоти завршија обука во Шпанија за гаснење пожари, се приклучуваат на ДЗС

C +

Мицкоски: Имаме стабилни резерви, дополнително го намаливме ДДВ за горивата од 18 на 10%

ДЕСК

„Се намалува ДДВ-то на горивата од 18% на 10%, се заштедуваат отприлика околу 200 илјади евра на ден“, велат од ВМРО-ДПМНЕ

C +