25. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото Centar.mk
.МАКЕДОНИЈАИЗБОР

Јакимовски прво ќе седне на обвинителна клупа, потоа во градоначалничката фотелја

„Како ме е*е, како ме е*е Стевчо Јакимовски, за вас е само к*р громовски“, вака ечеше на прославата на Стевчо Јакимовски од ГРОМ, кој по победата во вториот круг на Локалните избори 2021, ќе биде градоначалник на Карпош, по четврти пат. Ова предизвика сериозни реакции во општина Карпош, кои со гадење ја примија веста дека вака се прославувала победата на човекот што треба да биде нов градоначалник.

Инаку во 2019 година, бил обвинет од Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција заедно со други лица, за злоупотреби при јавни набавки за Општина Карпош, незаконска легализација на привремени објекти и за приватизација на градежно земјиште што е во сопственост на државата.

„Тој во текот на 2012 година при спроведување на постапка за јавна набавка склучил и потпишал договор со правно лице, иако знаел дека правното лице нема доставена банкарска гаранција за квалитетно, а со тоа и навремено извршување на договорот. Тој дозволил изведувачот да започне со изведување на активностите од договорот. По еден месец, заради неквалитетно изведување на работите, го раскинал договорот со изведувачот, со што овозможил правното лице да се стекне со имотна корист на штета на буџетот на општината во износ од 303.295 денари, односно 5% од вредноста на Договорот за јавна набавка. Во периодот од 2012-2013 година во постапка за јавна набавка, првообвинетиот причинил штета на буџетот на општината во износ од 14.609.653 денари. Откако јавната набавка била спроведена и бил склучен договорот, првообвинетиот давал усни инструкции на изведувачот за изведување на дополнителни работи, со што вкупната вредност на работите за изведување надминала 100% од вредноста на основниот договор. Во истиот период, првообвинетиот како градоначалник, во име и за сметка на правното лице – општината, во својство на инвеститор спротивно на чл. 56 и 57 ст. 2 и чл. 63 од Законот за градење, без Одобрение за градење, изградил деловен административен објект на локалната самоуправа со што сторил кривично дело Бесправно градење. За објектот во 2016 година поднел Барање за утврдување на правен статус на бесправни објекти од локално значење“, се вели со соопштението на Јавното обвинителство од 31 октомври 2019 година.

Откако е покренато обвинението, петмина се спогодиле, еден признал вина, а судењето за Јакимовски и за другите обвинети e во тек.

Јакимовски пред да седне во градоначаличката фотелја, в петок наутро треба да се појави во суд на рочиште за незаконие во Карпош, каде што по четврти пат ќе биде градоначалник.