Centar.mk
ТЕМАМАКЕДОНИЈА

Таравари: Услов за ново мнозинство е почитување на Преспанскиот договор, Мицкоски нема проблем со тоа

Новоизбраниот градоначалник на Гостивар, Арбен Таравари, гостува вечерва во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21 каде беше разговарано за можно ново мнозинство.

Според Таравари, условот за ново мнозинство е почитувањето на Преспанскиот договор, а како што вели, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски нема проблем со тоа.

„Имаме наши услови. Сме разговарале со Мицкоски. Мицкоски нема забелешки за тоа. Преспанскиот договор мора да се почитува. Наш главен услов е интеграција на Македонија во ЕУ, и Преспанскиот договор секако“, порача Таравари.

Можеби ќе ве интересира

СДСМ: Мицкоски призна, со ВМРО-ОК Македонија нема да стане членка на ЕУ – предадени се националните интереси

ДЕСК

Снег врне на овие патни правци, внимателно возете вечерва – Каква е состојбата на патиштата?

ДЕСК

Циклон носи дожд и пад на температурите: Среда и четврток најкритични – детална прогноза за следните четири дена

ДЕСК