15.8 C
Скопје
18. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈА

Градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ ќе ја прифатат Северна каде што ќе мораат

Коментирајќи ги случувањата во Советот на општина Штип каде советниците од ВМРО-ДПМНЕ потпишаа Уверенија под името „Република Македонија“, Игор Јанушев од ВМРО-ДПМНЕ вели дека ставот на ВМРО-ДПМНЕ кон Преспанскиот договор се нема променето, но исто така и ја разбира постапката на советниците, пренесува Фокус.

-За ова разбрав од медиумите, не знам што точно се случило. Ако е така, мислам дека одговорноста терба да се види во општинската изборна комисија, затоа што Уверенијата ги издава комисијата, а не градоначалникот.

Нашиот став како ВМРО-ДПМНЕ во однос на Преспанскиот договор не се променил. Преспанскиот за нас е завршена работа.

Од друга страна, како некој што му пречи придавката, ги разбирам и овие потези.

Не го гледам како нешто на кое што треба да му се дава преголемо значење, ниту да му се посветува преголемо внимание. Ако ова го гледаме како прекршување на Уставот, при промената на уставното име, зошто тогаш не го гледавме тоа како кршење на Уставот.

На прашањето како ќе функционираат градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ во однос на уставното име Република Северна Македонија, Јанушев вели ќе го прифатат каде што ќе мораат.

-Градоначалниците ќе потпишуваат документи каде што нема да биде возможно потпишување без придавката, но ќе има простор како што ќе може да покажат пркос, вели Јанушев, пишува ФОКУС.мк.

 

На црна листа ќе се најдат тие кои го попречуваат применувањето на Преспанскиот договор

Секое лице кое директно или индиректно го спречува или е закана за спроведување на Охридскиот рамковен договор или за Преспанскиот договор ќе се најде на црната листа на САД. Декретот кој на почетокот на јуни го потпиша претседателот на САД, Џо Бајден им дава овластување на сојузните власти да блокираат имот и да им забранат влез на сите лица за кои администрацијата во Вашингтон ќе оцени дека работат на штета на клучните договори во регионот на Западниот Балкан и Северна Македонија.

Декретот кој го потпиша Бајден, а го објави Белата куќа носи наслов „Извршна наредба за блокада на имот и спречување влез во САД за одредени лица кои придонесуваат кон дестабилизација на состојбата на Западниот Балкан“.

Извршувањето на декретот ќе биде во рацете на Министерството за финансии на САД во консултација со Стејт Департментот.

Потенцијалните злоупотреби и нарушувања се наведени во седум точки во декретот на Бајден. Па така, на црната листа може да се најде секој кој директно или индиректно ги нарушува мирот, безбедноста, стабилноста или територијалниот интегритет на земјите од Западниот Балкан. Понатаму, секој кој директно или индиректно се впушта во акции или политики кои ги нарушуваат демократските процеси и институции во регионот. Секој кој извршил или поддржал злоупотреби на човекови права. Секој кој бил вмешан, директно или индиректно, во корупција или поткуп, вклучително и владини претставници на сите нивоа.

Третата точка од декретот ги наведува и сите договори во регионот кои САД ги сметаат за клучни, а чии противници и лица кои работат против нив ќе се најдат на црната листа. Освен Охридскиот и Преспанскиот, тука се уште и Дејтонскиот мировен договор, Резолуцијата 1244 на ОН, како и Хашкиот трибунал, и други.

На листата засега нема имиња на ниту еден регионален политичар, барем не според познатите податоци со кои располагаме.