Centar.mk
ТЕМАМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИвест

Денеска своето право на глас го остварија 6.710 гласачи

Денеска, на ден пред изборите, своето право на глас можеа да го остварат вкупно 7645 гласачи. Од нив, гласаа 6710.

На гласачките места во 14 казнено поправни установи своето гласачко право од запишани 1.409 гласачи го остварија 943 гласачи.

Во установите за вонсемејно згрижување своето право на глас од запишани 266 го остварија вкупно 212 гласачи.

Во своите домови како болни или немоќни од пријавени 5588, гласаа 5287.

Како лица кои се во домашен карантин или на кои им е определена мерка самоизолација поради КОВИД-19, во своите домови пријавени беа 376, а гласаа 268 лица.

Гласањето секаде, според информациите кои ги добивме од општинските изборни комисии, помина без проблеми.

Можеби ќе ве интересира

Важни информации за возачите кои вечерва се движат со своите возила низ Македонија

ДЕСК

ПОДГОТВЕТЕ СЕ ЗА ОБИЛНИ ВРНЕЖИ ОД ДОЖД, А ЌЕ ТРУПА И СНЕГ: Метеоцентар објави најнова прогноза за времето во следните 4 дена

ДЕСК

Сточарите и земјоделците излегуваат на протест поради колапс на земјоделството

ДЕСК