Centar.mk
МАКЕДОНИЈАИЗБОР

Еден глас за овие луѓе чини 1.000 денари – Поткуп за да гласа за кандидат на ВМРО-ДПМНЕ во Македонска Каменица

На 29.10.2021 во 11:50 часот 19 годишно машко лице од с.Цера, Македонска Каменица во Полициското одделение Македонска Каменица пријавило кривично дело по чл.162 ст.1 од КЗ на РСМ. Имено, според пријавата, тој, непосредно пред пријавувањето, бил повикан во штаб на политичка партија во Македонска Каменица, каде од страна на В.В.од М.Каменица му биле дадени 1000 денари за да гласа за кандидатот за градоначалник од таа политичката партија.

Известен е Јавен обвинител, а В.В. е повикан во ПО Македонска Каменица и по документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок, информираат од МВР.

Неофицијално дознаваме дека поткупот бил вршен во корист на кандидатот на ВМРО ДПМНЕ.

Можеби ќе ве интересира

Филипче: Додека прават дефокус носат 10.000 „економски работници“

ДЕСК

Филипче: Мицкоски политиката ја сведе на таблоид, нема решенија за граѓаните – само дефокус

ДЕСК

Најмногу снег на Попова Шапка, утре со врнежи од дожд и снег претпладне , попладне облачноста ќе се намалува

ДЕСК