Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Барал да гласаат за ВМРО ДПМНЕ: Поткупувач приведен затоа што купувал гласови за 1500 денари во Кочани

На 28.10.2021 во ОВР Кочани било пријавено дека Д.С.(53) од Кочани на повеќе лица им дал по 1500 денари за тие да гласаат во вториот круг на локалните избори за кандидат за градоначалник, информираат од полицијата. Според нашите извори од истрагата, биле купувани гласови за кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ во овој град.

Од МВР информираат дека веднаш се преземени соодветни мерки и активности, извршени се разговори со повеќе лица и денеска (29.10.2021) во ОВР Кочани Д.С. е повикан на информативен разговор. По документирање на случајот, ќе биде поднесен соодветен поднесок до надлежното ОЈО Кочани, информираат од МВР.

Можеби ќе ве интересира

СДСМ: Го потсетуваме Мицкоски на членот 368 – а од КЗ, да не ја попречува правдата за Алта банка

ДЕСК

Поповиќ: Со наредбите до обвинителство и заканите Мицкоски ја попречува правдата за Алта банка

ДЕСК

ВМРО ДПМНЕ: Разликата меѓу Алта банка и Еуростандард е тоа што Заевци ја уништија и испокрадоа Еуростандард, а Алта банка е увезен проблем

ДЕСК