17.8 C
Скопје
3. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Николовски – Битола е во сигурни раце и ќе продолжи да се развива

Обраќање на генералниот секретар на СДСМ, Љупчо Николовски:

На ден пред гласањето во вториот круг, од тука од Битола, ја испраќам пораката до битолчани- во недела носите историска одлука. Одлука за иднината на Битола, дали ќе продолжи напред да се развива или ќе се врати назад во неизвеснoст и режим.

На 31-ви октомври, изборот е помеѓу отворени, достапни и чесни политичари кои му служат на народот, како што е нашиот кандидат Христо Кондовски и оние од другата страна бранители на криминалот и со кои не сте на чисто што ве чека.

Изминатите две недели ги поминав тука во Битола, имав многу средби, разговарав со луѓе од различни сектори, за проблемите, за предлозите како Битола да го направиме уште поубав град за живеење.

Резултатите кои и досега се постигнати во изминатите четири години се неспорни. Кондовски ќе продолжи засилено да реализира инвестиции за граѓаните кои се нашиот мотив и патоказ за идните мерки и политики за развој на општината.

СДСМ ги слуша граѓаните, се коригира и постапува. Ги ставаме институциите и целокупниот државен апарат во ваша функција, да бидат ваш сервис за секоја услуга што ви е потребна. Општината и Владата се отворени за граѓаните.

Ние сме партнер на граѓаните, ние сме на иста страна со ВАС! Ги слушаме потребите на секој граѓанин, на бизнис секторот, на невладиниот сектор.

Покажавме дека централната и локалната власт кога работат со здружени сили и имаат иста цел, го даваат најдобриот резултат. Ги помогнавме и раздолживме општините и за 4 години реализиравме над 7.000 проекти на локално ниво.

И ќе продолжиме со уште позасилено темпо, со многу поголема ефикасност во служењето на граѓаните, со сериозни промени во односот и испораката на услуги од страна на институциите, од функционерите и од администрацијата, до вас, граѓаните.

СДСМ и владата што ја предводи грижат и ќе продолжи да се грижат за секој еден граѓанин, искрено и доследно!

Почитувани граѓани, почитувани битолчани,

Христо Кондовски е народен човек, со кој Битола е во сигурни раце, човек кој има капацитет да ја води Битола напред, да ја развива! Нема време за импровизации, Вие битолчани, вашите деца заслужуваат да живеат и работат во град кој нуди просперитет. Затоа ја барам вашата поддршка за Христо. За подобар живот!

Во недела, излезете и гласајте, остварете го своето право. Гласајте за нашата земја да продолжи да се нормализира, да се стабилизира и никогаш повеќе да не се врати назад во режимот! Изберете го Најдоброто за Вас, за Битола. Во недела, заокружете го бројот 12! Само така ќе го останеме на вистинскиот, стратешки колосек!

Спонзорирано: