Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Кондовски: Битолските села ќе се развиваат по словенечки модел

Поголеми одвојувања од општинскиот буџет за развој на селата со цел нивен развој, најави кандидатот за градоначалник на Општина Битола од СДСМ и коалициските партнери, Христо Кондовски.

„Јас сум застапник на словенечкиот модел кој се практицира во некои од општините во државата во последниве години. Буџетот е потребно да го распределиме правилно по глава на жител.“-изјави Кондовски во емисија посветена на локалните избори на ТВ Тера, објаснувајќи дека ако 10% од жителите во општината живеат во руралните средини потребно е 10% од развојниот буџет да бидат ставени во функција на развој на селата.

„Тоа е 10 пати повеќе од тоа што се одвојува досега. Десет кратно повеќе од досегашните инвестиции во руралните средини. А со оглед на зголемувањето на буџетот од година во година на Општина Битола, владата што ги дава дотациите итн, ништо нема да фали на градот. Значи она што е во градот ќе се спроведува ефикасно и ефективно, а секоја рурална средина ќе знае колкав буџет има. Средствата ќе бидат наменети согласно напишаните месни проекти.“-рече Кондовски.

„Ќе излеземе пред граѓаните, пред Советот ќе објасниме кој е приоритетот. На пример за Поешево има 100.000 евра, кои улици прво ги работиме, водовод, канализација. Поентата ми е дека треба да се напушти стандардот на правење услуга и на гаснење пожар пред избори. Треба да почне системски да се работи. Да го растеретиме народот од политика, од едно договарање ќе дојдам јас ќе направам улица, вети, не ја направи итн. Тоа да биде објективно и транспарентно.“-рече Кондовски.

Можеби ќе ве интересира

СДСМ: Борко Ристовски треба да си поднесе оставка

ДЕСК

ДУИ: Владата веднаш да го укине антиуставната и незаконската одлука што ги дискриминира општините и ја исклучува дијаспората

ДЕСК

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ катастрофлано потфрла во справување со пожарите, лани изгореле 95.000 хектари

ДЕСК