Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Весковски: Планска хумана урбанизација на просторот кон Злокуќани и Бардовци

Нашата цел е да не дозволиме урбаниот хаос предизвикан од непланската урбанизација од минатото, повторно да го окупира и нашиот Карпош.

Свесни сме дека интересот за живеење во Карпош, во срцето на Скопје е голем и затоа преку дисперзирање и планска хумана урбанизација на просторот кон Злокуќани и Бардовци ќе овозможиме намалување на притисокот врз урбаниот дел од Општината, останувајќи силно посветени на заштитата на животната средина. Ова ќе биде Мега Проект што ќе го намали притисокот врз урбаниот дел.

Урбанизацијата на овој дел од Општината ќе биде изведена на начин што ќе обезбеди спречување на целосната бетонизација, создавање нови зелени површини и заштита на животната средина.

Тука ќе има и модерен зелен пазар, наменет пред се за производителите од нашата општина
Карпош може, Карпош мора да оди напред преку реализација на граѓанскиот концепт, на проевропскиот концепт со нови лица, нова енергија и нови политики.

Можеби ќе ве интересира

Јаневска: циркуларната економија нуди одговор на бројни општествени и глобални предизвици, се заложуваме за проширување на концептот преку образовните установи

ДЕСК

Одлична можност за младите, објавен е Конкурс за запишување студенти/питомци на Воената академија

ДЕСК

Андоновски: Политиките за иновации ги преточивме од закони во пракса

ДЕСК